Роналдо за тајната на неговиот успех: Талентот не е повеќе доволен

kiki-parma

Кристијано Роналдо повеќе од една деценија е на врвот на светскиот фудбал и дефинитивно ќе биде запишан во историјата како еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Португалецот е познат по тоа што е голем работник, односно дека вложува и многу дава од себе за да постојано биде на високо ниво веќе долго години. Низ кариерата има соборено многу рекорди, има освоено многу индивидуални награди, но и многу колективни титули како на клупски така и на репрезентативен план.

Многумина сакаат да бидат како Роналдо или да го достигнат тоа ниво, но за да се сучи тоа потребна е многу работа.

-Мислам дека мојата најголема сила е умот. Талентот не е повеќе доволен. Можам да се разбудам, играм со децата, ама морам да одам во теретана 30-40 минути, ама тука е разликата. Поради ова имам 34 година, а изгледам како да имам 28, -вели Кристијано кој посочи дека Лионел Меси низ годините му бил инспирација, односно едноставно го туркал за да биде подобар.

-Многу луѓе се изненадени кога зборувам со Меси на настаните во УЕФА, ние не сме пријатели, ама  ја делиме сцената 15 години. Јас имам добар однос со него и знам дека тој ме натера да бидам подобар играч и јас го туркав да биде подобар играч, -дополнува ѕвездата на Јувентус.

Facebook Коментари