Свет
Роналдо за пристигнувањето на Бензема во Саудиска Арабија: Не погрешив, јас ја отворив кутијата!

Кристијано Роналдо беше првата голема европска ѕвезда која реши да направи мега трансфер во Саудиска Арабија, но испадна дека тоа беше само почеток на она што следи во летниот преоден рок.
Португалецот го режираше трансферот во Ал Наср веднаш по завршеното Светско првенство во Катар, но крајот на сезоната донесе уште еден бомбастичен трансфер во Саудиска Арабија, а во најава има уште неколку.
Карим Бензема ја заврши незаборавната авантура во Реал Мадрид и вчера позираше со дресот на Ал Итихад, па сега поранешниот соиграч ќе му биде голем ривал на Роналдо во домашното првенство.
Кристијано изминативе месеци во неколку наврати порача дека првенството во Саудиска Арабија ќе влезе во топ 5 најдобри во светот, а сега се јави и со мислење за трансферот на Бензема.
– Знаев дека моето заминување во Саудиска Арабија ќе ја отвори кутијата. Не погрешив во тоа и сигурен сум дека во наредните две-три години ова ќе стане една од најважните лиги во светот. Карим дојде тука, а ќе дојдат уште многумина, – изјави Роналдо.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава