Поврзете се со нас

Лига на нации

Роналдо за плановите за пензија: Наскоро ќе го прославам 40. роденден…

Објавено

на

foto: x.com/Cristiano

Португалија забележа убедлив триумф над Полска во Лигата на нации (5-1), триумф во кој еден од најдобрите на теренот беше Кристијано Роналдо со два погодоци и асистенција.

Со ова ветеранот уште еднаш потврди колку е значаен за националниот тим и покрај тоа што за брзо време ќе го прослави и 40. родеден. Тој и во дресот на Ал Наср има фантастични бројки, а тоа му дава енергија, дополнителен импулс да продолжи, да биде компетитивен и засега да не размислува за пензија иако е блиску до петттата деценија од животот.

-Сакам само да уживам. План за пензија… ако се случи за една или две години… не знам. Наскоро ќе наполнам 40… Навистина сакам да уживам, се додека се чувствувам мотивирано продолжувам. Денот кога нема да се чувствувам мотивиран, ќе се пензионирам.

-Кога ќе одлучам да ја напуштам репрезентацијата, тоа ќе го направам спонтано, не смислено. Нема да има никакви претходни најави. Не се гледам себеси како водам тим, тоа не е во моите планови. Мојата иднина е во други области надвор од фудбалот, иако времето ќе покаже што ќе се случи, -порача капитенот на португалската селекција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни