Поврзете се со нас

Европски првенства

Роналдо за амбициите на Португалија на ЕП: Тимот е добро подготвен…

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Португалија е една од селекциите со најзвучни имиња на престојното Европско првенство, репрезентација со по два-тројца играчи на секоја позција и токму затоа многумина ги ставаат во првиот ред на фаворите за пехарот на турнирот во Германија.

И на овој шампионат Португалците ќе бидат предводени од Кристијано Роналдо за кого ова ќе биде шесто ЕП, но без разлика на годините (39) тој е максимално мотивиран и подготвен да му помогне на националниот тим со својот квалитет, ама и огромно искуство.

-Беше многу убаво, со сите патишта исполнети со Португалци и Германци. Ги врати спомените од пред 18 години. Имам добри спомени од тоа време и се чувствувам како нешто да се сменило, но сепак е посебно.

-Полуфинале? Се надевам дека можеме да одиме понатаму. Мора да одиме чекор по чекор, да живееме во моментот, да останеме смирени и да продолжиме да работиме напорно. Знаеме дека е кратко натпреварување, но тимот е добро подготвен, -порача членот на Ал Наср.

Европските шампиони од 2016 година се во група со Грузија, Чешка и Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни