Роналдо во ретко видено издание: Се расплака пред камерите кога го спомнаа името на неговиот татко (Видео)

ronaldo

Кристијано Роналдо важи за човек којво јавноста речиси никогаш не ги изразувал своите емоции, но сега се случи токму таков момент.

Во интервју кое го водеше Пирс Морган и на кое му беше покажана видео снимка од неговиот татко, Хозе Денис Авеиро како зборува пред Европското првенство кое во 2004 година се одржа во Португалија.

Таткото на Кристијано, хроничен алкохоличар и поранешен војник почина поради проблеми со црниот дроб на 52 годишнавозраст и не успеа да види голем дел од успесите на неговиот син.

Роналдо во солзи откако го виде видеото само кратко прокоментира: -НИкогаш не сум го видел видеото, никогаш. Неверојатно.  Мислев дека ова интервју еќ биде смешно, не очекував да плачам. Никогаш не сум ги видел овие снимки, не знам од каде ти се. Мора да ги имам за да им ги покажам на моите. Јас навистина не го знам мојот татко целосно. Тој беше пијаница. Никогаш не сме зборувале нормално, како татко и син. Тоа беше тешко, -заклучи емотивниот Роналдо.

Facebook Коментари