Поврзете се со нас

Свет

Роналдо веќе има јасен план што ќе прави по крајот на кариерата

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо вчера имаше свое обраќање во шпанската јавност поради промоција на својата нова компанија за производство на вода, а тоа секако беше добра шанса да се искоментираат неколку актуелни случувања во јавноста.

Португалската суперѕвезда го коментираше пристигнувањето на Карим Бензема во Саудиска Арабија и нагласи дека очекувал таков интерес и за други играчи од Европа, но откри и дел од своите планови кои ги има за по крајот на кариерата.

Роналдо веќе некое време е и добар бизнисмен напоредно со импресивната играчка кариера, но по крајот на истата, има план да купи клуб и да поседува една цела структура како газда и прв човек.

– По крајот на кариерата, сакам да поседувам свој клуб. Секогаш сум бил одлучен и многу професионален и сигурен сум дека ќе го остварам тоа, – изјави Роналдо на презентацијата, на која открива уште колку долго ќе остане во фудбалот.

– Полека влегувам во самиот крај од мојата кариера, ќе играм уште најмногу две или три години, – заврши Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни