Поврзете се со нас

Свет

Роналдо утре ќе стане апсолутен рекордер во светски рамки

Објавено

на

Кристијано Роналдо со солзи во очите го заврши Светското првенство во Катар и за многумина тоа беше јасен сигнал дека се збогува од репрезентацијата, но времето покажа дека капитенот не размислува така и тој се најде на првата листа која ја објави новиот селектор.

Роберто Мартинез го наследи искусниот Фернандо Сантош на клупата на Португалија и најде место за Роналдо меѓу најдобрите, па сега за очекување е утре да му овозможи да го оствари и апсолутениот рекорд кој за влакно му побегна на мундијалот.

Португалија игра против Лихтенштајн на домашен терен во квалификациите за Европското првенство, а бидејќи се е подготвено Кристијано да има минутажа на оваа средба, медиумите се подготвуваат и за рекордот кој ќе го постави.

Голгетерот утре треба да стане играчот со најмногу настапи за една фудбалска репрезентација во историјата на фудбалот, признание кое сега го дели со играчот од Кувајт, Бадр Ал Мутава.

Двајцата имаат одиграно по 196 натпревари, но утре Роналдо треба да го одигра 197-от и со тоа да стане апсолутен рекордер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни