Поврзете се со нас

Свет

Роналдо согласен дека е извршена „кражба“ при доделувањето на „Златната топка“: Ова се факти (Фото)

Објавено

на

Кристијано Роналдо го демантираше уредникот на „Франс Фудбал“ кој тврди дека опсесија на Португалецот е да заврши со повеќе „Златни топки“ од Лионел Меси, но по доделената награда во Париз, Португалецот одново се најде во центарот на вниманието поради една објава на социјалните мрежи.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед се согласи со сите факти кои ги наброја негова фан страна на Инстаграм и дури коментирал под објавата, која подоцна беше избришната откако неговиот збор стана вирален.

– Кај кого заврши „Златната топка“? Се разбира, во рацете на Меси, играч кој го освои само шпанскиот куп со Барселона. Не постигна гол против Реал од моментот кога Роналдо си замина од клубот, исчезна на оглемите натпревари и ја освои Копа Америка, натпреварување кое треба да се одржува на четири години. Не даде гол во полуфиналето и финалето, игра прилично слаба сезона во ПСЖ.

– Оваа награда не треба да се доведува во прашање. За Роналдо, не е важно кога го постигнува најубавиот гол со „ножички“, не е важно кога станува првак со клубот, најдобар стрелец во историјата. Дури и во такви ситуации, пронаоѓаат начин да му го одземат признанието.

– Со Меси е поинаку. Може да има лоша сезона, но пронаоѓаат начин да му ја дадат наградата. Вистинска кражба, валканост, срамота. Секој го виде ова. Да добиеш награда, а да не ја заработиш, е исто што и среќа без гордост. Без оглед на се, Роналдо ќе биде најголемиот во историјата, – гласи објавата која ја „лајкна“ Кристијано и под која искоментирал „ФАКТИ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни