Поврзете се со нас

Свет

Роналдо со замерка за својот „двојник“: Не личиш на мене (Видео)

Објавено

на

foto:x.com/AlNassrFC_EN

Екипата на Ал Наср не ги постигнува посакуваните резултати во првенството на Саудиска Арабија, но Кристијано Роналдо и натаму останува посебна атракција за фудбалските фанови во азиската земја.

На вчерашниот дуел со Ал Шабаб, домашните фанови повторно со посебно внимание ги следеа потезите на Португалецот, кој меѓу другото успеа и да реализира, иако неговиот тим мораше да се задоволи само со реми, односно еден освоен бод.

На социјалните мрежи посебна популарност доби и видеото на кое Роналдо комуницира со својот двојник на трибините.

– Не изгледаш како мене, ти си многу грд, – му порача Роналдо на својот фан со насмевка на лицето.

По вчерашното реми, Ал Наср е на четвртото место на табелата, со десет бодови помалку од лидерот Ал Итихад.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни