Поврзете се со нас

Европски првенства

Роналдо со прва порака по болната елиминација на Португалија од ЕП

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Селекцијата на Португалија го заврши настапот на Европското првенство и тоа во четвртфиналната рунда во која доживеа пораз од Франција по ударите од 11 метри.

Португалците имаа шанси во вториот дел и продолженијата, меѓутоа не искористија ниту една од нив за да во пенал серијата трагичар биде Жоао Феликс кој беше единствениот кој не реализираше од белата точка.

Со ова заврши и сонот на Кристијано Роналдо за нов успех на ЕП со оглед на тоа што за него ова беше последен турнир. Останува да се види дали ќе побара шанса да биде активен на СП во 2026 година, но во меѓувреме ги искористи социјалните мрежи за да испрати порака.

-Сакавме повеќе. Заслуживме повеќе. За нас. За секој од вас. За Португалија. Благодарни сме за се што ни дадовте и за се што досега постигнавме. Во и надвор од теренот, сигурен сум дека наследството ќе биде ценето и ќе продолжи да се гради. Заедно, -порача Кристијано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни