Поврзете се со нас

Свет

Роналдо со потсмев ја испрати осмата „Златна топка“ за Меси (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/leomessi

Кристијано Роналдо за првпат не беше номиниран за „Златната топка“ откако претходно 18 пати беше дел од гласањето, а во таква ситуација, Лионел Меси првпат без конкуренција на Португалецот стигна до најпрестижното индивидуално признание.

Аргентинецот по осми пат во кариерата беше закитен со најважната поединечна награда, па иако за многумина тоа е апсолутно заслужено, добар дел од експертите и фановите се убедени дека му се нанесе голема неправда на Ерлинг Халанд.

Меси е апсолутен рекордер по бројот на освоени „Златни топки“ и ќе биде недопирлив уште долго време, а последната награда која ја доби наиде на исмевање од страна на Кристијано Роналдо.

Томас Ронсеро како уредник на мадридски „АС“ даде серија критики за подарената „Златна топка“, па при своето обраќање, заклучи дека три вакви признанија му биле незаслужено предадени. Познатиот шпански новинар вели дека првпат биле оштетени Чави и Иниеста во 2010-та година, потоа Левандовски пред две години, а последно Ерлинг Халанд.

Видео обраќањето кое го имаше Ронсеро стана вирално, а Роналдо изреагира на истото со лајк и четири емотикони за смеење, па многумина протолкуваа дека се потсмева со гласањето на престижните новинари кои ги селектира „Франс Фудбал“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни