Поврзете се со нас

Англија

Роналдо со порака до новиот тренер на Јунајтед: Му ја посакувам…

Објавено

на

foto: x.com/Cristiano

Манчестер Јунајтед отвара нова страница и тоа со Рубен Аморим како шеф на стручниот штаб, стратег кој го прифати предизвикот и седнува на жешкото столче кое беше испразнето по отказот кој го доби Ерик Тен Хаг.

Аморим имаше одлични резултати со Спортинг Лисабон, но сето тоа ќе се заборави затоа што Јунајтед е сосема друга приказна, клуб во кој ќе мора да испорача успеси, да донесе стабилност ако сака подолго време да се задржи на „Олд Трафорд“.

Рубен полека се започнава со клубот кој пак многу добро го познава Кристијано Роналдо, ас со два мандати во англискиот великан, ас кој му испрати кратка порака на сонардоникот.

-Му ја посакувам сета среќа на светот. На Манчестер Јунајтед му е навистина потребна, -порача кратко и јасно членот на Ал Наср.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни