Светски првенства
Роналдо со мотивирачка порака до сонародниците, Сантош верува во титула!
Откако вчера и селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, го објави списокот со 26 повикани фудбалери за Мундијалот во Катар, од медиумите беа забележани и високите амбиции во изјавите кои следуваа.
Предводникот на тимот, Кристијано Роналдо, ќе игра на своето петто светско првенство, а во првото огласување по официјалната потврда на неговиот мундијалски билет, испрати порака до сонародниците дека целата нација е повикана.
– Уште еднаш, подготвен сум да го прославиме името на Португалија! Господин Фернандо Сантош има 26 имиња во неговиот список, но целата земја е поканета! Напред Португалија!,- напиша Кристијано.
Uma vez mais, prontos para elevar bem alto o nome de Portugal! São 26 os nomes na lista do Mister Fernando Santos, mas estamos todos convocados! Força Portugal!💪🏽🙏🏽 pic.twitter.com/ZYrmIs4deq
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) November 10, 2022
Роналдо има постигнато 117 голови за репрезентацијата и ова може да биде негов последен настап на светските фудбалски самити. Прв пат заиграл на светските првенства во 2006 година (Германија), а потоа учествувал на сите следни натпреварувања во Јужна Африка, Бразил и Русија. Во последните три настапи за националниот тим нема постигнато гол (Србија, Турција, Македонија), но селекторот Сантош има полна доверба во него.
– Кристијано играше на нашите последни четири натпревари. Во моментов настапува и игра. Сите фудбалери што ги имам повикано доаѓаат гладни за победа и со цел да ја освоиме титулата светски шампиони, вклучително и Роналдо. Верувам дека тоа е можно и дека овој тим може тоа да го оствари,- изјави Сантош.
Покрај Роналдо во тимот ќе игра уште еден „ветеран“ со 39 години, Пепе, кој е одбранбен столб на Порто. Покрај него, повикан е 19-годишниот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва. Поради повреди од тимот отсуствуваат Диого Жота (Ливерпул) и Педро Нето (Волверхемптон).
Португалија ја започнува својата кампања со пријателски меч против Нигерија на 17 ноември. Во Катар првиот натпревар го играат на 23 ноември со Гана, а потоа играат со Уругвај и Јужна Кореја.
-
Светски првенства22 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија19 часа
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Светски првенства9 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
ВТА24 часа
Тенисот доби женска верзија на Медведев: Можете да ми го бакнете задникот… (Видео)
-
Шпанија11 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Англија20 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија21 час
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
АТП21 час
Ѓоковиќ за своите испади на теренот: Свесен сум дека не се претставувам себе на најдобар начин