Поврзете се со нас

Европски првенства

Роналдо со капитенска порака пред главните битки за Португалија на ЕП (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/Cristiano

Репрезентацијата на Португалија со шест бода ја заврши првата фаза на Европското првенство, учинок доволен да го освои првото место во групата и да обезбеди осминафинале во кое за ривал ќе ја има Словенија.

Португалците вечерва ќе ги одмерат силите со Словенците во Франкфурт, дуел закажан за 21 часот. Според квалитетот, историјата, бројкика многу јасно е кој е фаворит на хартија, ама ако тоа не се потврди на теренот се е залудно и тоа многу добро го знае Кристијано Роналдо кој долго време е на големата сцена.

Ветеранот немаше некој забележителен настап во првиот дел на шампионатот, меѓутоа останува важен дел од екипата, лидер кој пред денешното соочување испрати кратка, ама јасна капитенска порака.

-Одиме сите заедно, Португалија, -напиша напаѓачот на Ал Наср.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни