Поврзете се со нас

Европски првенства

Роналдо со емотивна порака побара поддршка од сонародниците пред првиот меч на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Селекцијата на Португалија вечерва ќе го има првиот настап на 17. Европското првенство и тоа против селекцијата на Чешка.

И на овој шампионат Португалците ќе бидат предводени од Кристијано Роналдо, ас кој ќе испише историја затоа што ова за него ќе биде дури шесто ЕП, нешто што досега не му успеално на ниту еден играч.

Токму пред стартот на турнирот, Роналдо и се обрати на јавноста, сонародниците од кои побара максимална поддршка за да сите заедно се обидат да дојдат до титулата.

-Португалци, денеска започнува ново поглавје во нашата историја. Убаво го паметам мојот прв ден со националниот тим, патување полно со предизвици и победи. Сега имам чест да бидам дел од тим полн со шампиони, полн со талент и одлучност.

-Со силата и поддршката и силата на сите, соновите ги претвараме во реалност. Ајде заедно да се бориме за уште еден успех. Обединети, ние сме незапирливи. Напред Португалија, -порача членот на Ал Наср.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни