Англија
Роналдо сликовито долови во каква ситуација се наоѓа Аморим во Јунајтед: Му стискам палци
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/11/ronaldo-dragao.jpg)
Кристијано Роналдо беше вип гостин на „Глоуб“ спортските награди кои се доделија во текот на вчерашниот ден, а покрај тоа што говореше за Винисиус Жуниор, Португалецот „начна“ и една чувствителна тема за него.
Легендарниот голгетер на доста експлозивен начин си замина од Манчестер Јунајтед и испорача серија забелешки за тоа како се води клубот, па откако стана јасно дека не е задоволен од целосната политка која се практикува на „Олд Трафорд“, сега реши сликовито да долови во какви проблеми влезе неговиот сонародник.
Рубен Аморим го наследи Ерик Тен Хаг и брзо дозна дека ќе има пеколно тешка задача за да го изведе тимот на прав пат, а Роналдо иако потенцира дека тој е вистинскиот човек за Јунајтед, предупредува дека менаџерот мора да мине една „бура“ пред да донесе се во најдобар ред.
– Рубен вршеше фантастична работа во мојот Спортинг. Но, едно е Спортинг, а друго е Премиер лигата. Премиер лигата е сосема друг ѕвер. Тоа е различна лига, најкомпетитивната во светот.
– Знаев дека ќе му биде тешко, знаев дека ќе мора да мине низ бура, но после бурата, ќе изгрее сонце. Му стискам палци работите да бидат добри за него, се надевам на најдобри нешта за него и за Манчестер Јунајтед. Тоа е клуб кој се уште многу го сакам, – потенцира Роналдо.
-
АТП14 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија23 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија21 час
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП23 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП19 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Шпанија13 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
АТП20 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)