Поврзете се со нас

Свет

Роналдо си најде друга преокупација: Фудбалот стана досаден и не можам да изгледам цел натпревар, тренирам друг спорт три пати во неделата

Објавено

на

Foto:instagram.com/ronaldo

Роналдо Феномено полека се дистанцише од Крузеиро и го продаде клубот кој го купи пред неколку години, но додека се мисли дали истото да го направи и со шпански Валјадолид, легендарниот бразилски фудбалер открива дека си пронашол друга преокупација на спортски план.

Иако имаше големи проблеми со тежината во финишот од кариерата и по самиот крај на истата, Роналдо остана спортски активен и се појавува на разноразни активности, но во последно време, најчесто може да се забележи со рекетот во рака.

Роналдо добива часови од познатиот тренер Муратоглу и вчера доби награда во неговата Академија, но при говорот кој го дал, не пропуштил да нагласи дека во моментов тенисот му е спорт број еден, дури и пред фудбалот.

– Денеска можам да кажам дека го сакам тенисот повеќе од фудбалот, тоа е навистина неверојатно…..

– Не можам да изгледам цел фудбалски меч, ми стана досадно, но затоа можам да изгледам цел тениски меч кој трае пет часа. Тоа е вистинска лудост, ми стана пасија. Тренирам три пати неделно и многу сум компетитивен, сакам да бидам подобар секој нареден ден, – открива Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни