Поврзете се со нас

Свет

Роналдо си гази на „YouTube“, доби 15 милиони претплатници за помалку од еден ден

Објавено

на

Кристијано Роналдо не може да биде задоволен од резултатите на неговиот актуелен клуб Ал Наср, но привремено може да ги стави во втор план случувањата на теренот, бидејќи постигна голем успех на популарниот „YouTube“.

Португалецот вчера лансираше својот канал на популарната платформа и веднаш собори рекорд, поминувајќи ја границата од 1 милион претплатници за 90 минути.

Тука не застана пробивот на каналот на Роналдо, па неполни 24 часа подоцна тој има 16 милиони претплатници и сигурно ќе собори дополнителни рекорди, пред се во однос на брзината со која ги добива новите претплатници на каналот.

Португалецот веќе има објавено 19 видеа, во кои најчесто се зборува за неговиот приватен живот и семејството, а најгледаното веќе има над 11 милиони прегледи и во него гостува неговата сопруга Георгина.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни