Роналдо шоу во Вилнус: Кристијано постигна четири гола, еден ќе го памети цел живот (Видео)

ronaldo-vilnus

Кристијано Роналдо го одбележа квалификацискиот меч кој оваа вечер се одигра во Вилнус, пресметка во која Португалците сосема очекувано ги освоија трите бода на гостувањето во Литванија.

Ѕвездата на Јувентус се најде во фокусот бидејќи беше главен причинител за постигнатите четири гола на Портуалија до водство од 1:4, а конечните 1:5 ги постави Карвалјо во 92-та минута. Всушност, Роналдо постигна четири гола, но еден се најде во центарот на вниманието поради катастрофалната реакција на домашниот голман.

Роналдо испрати навистина лош удар, но голманот Сеткуш имаше ужасна реакција по која топката заврши во неговата мрежа. Овој гол предизвика забуна и кај официјалните лица на УЕФА, бидејќи погодокот најпрво беше регистриран како автогол, за потоа да настане промена и истиот да му се запише на Роналдо.

Facebook Коментари