Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдо шокиран од судиската неправда во Ла Лига: Ова е недозволиво на професионално ниво! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

Валјадолид беше сериозно оштетен на вчерашниот натпревар против Севилја во Ла Лига, бидејќи домашниот тим остана без погодок кој беше регуларен поради една избрзана реакција на главниот судија.

Судијата Ортиз лошо ја процени ситуацијата и не дозовли да се заврши акцијата на Валјадолид, по која Ескудеро успеа да постигне гол за 1:0. Голото славје на трибините сепак експресно беше прекинато, а причина за тоа беше потегот на арбитарот.

Ортиз означи крај на првиот дел непосредно пред Ескудеро да има контакт со топката, па овој гол не се впиша во семафорот и дефинитивно имаше големо влијание врз конечниот резултат.

Неверојатна ситуација во Ла Лига: Валјадолид постигна гол, судијата отсвири крај пред топката да влезе во мрежа! (Видео)

Валјадолид не се опорави од оваа ситуација и прими три гола во вториот дел, по што незадоволството не го криеше и газдата на клубот, легендарниот Роналдо Назарио.

– НЕДОЗВОЛИВО е ова што се случи на „Зорилја“! Досега молчевме обидувајќи се да го оправдаме нашето незадоволство преку официјални средства за комуникации, состаноци и петиции, а исто така избегнувавме и јавно изложување. Но, веќе е доста! Ова е професионален фудбал и бараме објаснувања.

– Грешки од вакви димензии можат да променат цела сезона. Но, едно нека биде јасно: ќе се бориме против СЕ и против СИТЕ затоа што сме Реал Валјадолид. Нашиот тим, нашите навивачи и нашиот град дадоа сè што имаат и никој нема да ни го одземе тоа, – порача бесниот Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни