Поврзете се со нас

Свет

Роналдо: Саудиската лига е подобра од Лига 1, ќе биде…

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо веќе некое време е дел од Ал Наср, тим од блискиот Исток, тим од Саудиска Арабија, држава која многу вложи во фудбалот во изминатив период.

Доста познати имиња се преселија во оваа земја, меѓутоа се почесто слушаме дека добар дел од нив сакаат да си заминат со тоа што таков конкретен чекор направи Џордан Хендерсон кој се врати во Европа во холандскиот великан Ајакс. Меѓутоа Кристијано ужива во сегашната средина и според него саудиската лига е дури подобра од Лига 1 или поточно елитната француска фудбалска дивизија.

-Саудиската лига не е полоша од Лига 1. Саудиската Про лига е поконкурентна од Лига 1, можам да кажам дека по една година која тука ја поминав. Сега сме подобри од француската лига.

-Се чувствувам многу среќен во Ал Наср, тоа е одличен потег. Саудиска лига е во процес, ќе трае долго… но чекор по чекор ќе одат на највисоко ниво. Мислам дека Саудиската Про лига ќе биде меѓу првите три лиги во светот. Луѓето во Саудиска Арабија ќе бидат горди, -порача ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни