Лига на нации
Роналдо самокритичен како ретко кога: Не одиграв ништо пред два дена, но утре одиме на победа

Португалија беше целосно надиграна на „Паркен“ стадионот во Копенхаген и може да биде среќна што загуби само со минимални 1:0, резултат кој ги остава во игра за пласман во полуфиналето во Лигата на нации.
Данците им одржаа фудбалска лекција на Португалците на средбата која се одигра во четвртокот и вистинско чудо беше тоа што се стекнаа само со еден гол позитива, што всушност прави сега да бидат максимално претпазливи и внимателни во пресрет на дуелот во Лисабон.
Португалија утре ќе брка пресврт и важна победа на реваншот на „Жозе Алваладе“, а максимално мотивиран за докажување е и капитенот Кристијано Роналдо, кој призна дека едноставно не постоел на првиот меч пред два дена.
– Има тензија во воздухот и не планирам да се кријам во вакви околности. Се наоѓаме во навистина тежок период и мора да победиме. Тоа е убавината на фудбалот, многу брзо добивате шанса да реагирате. Барам од навивачите да бидат со нас, сакам да ни дадат сила бидејќи утре ќе го дадеме најдоброто од себе. Се надевам дека утре ќе биде убав ден за сите.
– Не ни преостанува ништо друго, освен да победиме. Сум губел натпревари во 90 минути, но никогаш не сум загубил еден двомеч на првиот натпревар. Утре го играме реваншот и ќе дадеме се од себе.
– Има лоши натпревари и лоши денови како оној пред два дена. Јас не одиграв ништо, тимот не изигра ништо, но тоа е дел од животот на еден фудбалер. Утре ќе излеземе на „Жозе Алваладе“ со високо подигната глава и со надеж дека ќе победи Португалија, – изјави Роналдо.
-
Шпанија13 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија17 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија18 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови6 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија10 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони18 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија14 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Шпанија4 часа
„Бункерот“ на Билбао падна во 93 минута, Валверде со мајсторија го запали „Бернабеу“ (ВИДЕО)