Поврзете се со нас

Свет

Роналдо режираше фудбалска бравура, Португалија со победа отпатува на ЕП (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо е симбол за несопирлива гол машина и на 39-годишна возраст, а тоа го покажа и на неколку дена пред стартот на Европското првенство.

Португалците имаа добра генералка на домашен терен пред да отпатуваат за Германија, бидејќи вечерва со сигурни 3:0 ја совладаа Ирска во меч во кој Роберто Мартинез им даде шанса на многу фудбалери.

Жоао Феликс го отвори резултатот во првиот дел, додека Кристијано продолжи да воодушевува со два гола во вториот, од кои првиот беше вистинско ремек-дело.

Роналдо ја прими топката со десната нога, со атрактивна бравура ја префрли на лева, а потоа испорача неодбранлив удар во аголот од голот на гостите.

Ова се случи во 50-та минута, а точно десет минути подоцна погоди и вторпат по додавање од Диого Жота за конечни 3:0.

Мајсторијата погледнете ја ТУКА 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни