Роналдо и Реал добро ја почнаа одбраната на титулата, импресивен старт на Сити (Видео)

serhio-ramos-apoel-3283288

Реал Мадрид добро ја почна одбраната на титулата во Лигата на шампиони, совладувајќи го АПОЕЛ со 3:0 на „Бернабеу“ на стартот од фазата на групи.

Кристијано Роналдо одговори на синоќешниот одличен настап на Лионел Меси со два гола против кипарскиот тим, а Серхио Рамос ја круниса победата во првото коло од групата Х со погодок со ножички. Во истата група, Тотенхем на „Вембли“ славеше со 3:1 против Борусија Дортмунд.

Импресивен вечерва беше и Манчестер Сити, кој по победата од 5:0 над Ливерпул, сега славеше со 4:0 против Феенорд во групата Ф, нанесувајќи му го најтешкиот пораз на домашен терен на холандскиот тим во натпреварувањето. Во другиот меч од групата, Шахтар победи со 2:1 на дуелот со Наполи.

Во групата Е, Ливерпул одигра слабо во одбраната и ремизираше 2:2 со Севилја на „Енфилд“, а нерешено беше и на дуелот Марибор-Спартак 1:1.

Порто загуби со 3:1 на домашен терен од Бешикташ во групата Г, додека Монако, на првиот меч без Килијан Мбапе во ЛШ, одигра 1:1 на гостувањето против Рб Лајпциг.

Facebook Коментари