Поврзете се со нас

Италија

Роналдо промаши пенал, па Ребиќ со брутален старт го „уби“ Данило (ВИДЕО)

Објавено

на

Во тек е реваншот од полуфиналето на Купот на Италија меѓу Јувентус и Милан, а веќе во првата половина на првото полувреме видовме многу возбудувања.

Прво Јувентус доби пенал поради играта со рака на Конти, одговорноста ја презема Роналдо, но само ја погоди рамката од голот на Донарума по што се отвори можност за контра за „росонерите“, односно една топка беше испратена до Ребиќ кој задоцни и со брутален старт го „уби“ Данило.

За овој потех Хрватот заслужено доби директен црвен картон со што го стави во многѕ тешка позиција својот клуб до крајот на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни