Поврзете се со нас

Свет

Роналдо продолжи да дава голови, но негов соиграч со мајсторија ја одбележа победата на Ал Наср (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср ја оправда фаворитската улога и славеше над Ал Вехда во 13. коло во Саудиска Арабија, победа со која остана во чекор со водечкиот Ал Хилал кој вчера исто дојде до триумф во ова рунда.

И во ова славје на Ал Наср одново стрелаше Кристијано Роналдо, односно дојде до 13 сезонски погодок со што останува лидер пред Александар Митровиќ (10).

Меѓутоа Португалецот вечерва остана во сенка на неговиот соиграч Алекс Телес кој постигна мајсторски погодок од слободен удар во 11 минута. Во оваа ситуација и Роналдо имаше влијание затоа што го измами домашниот голман со мало движење, но Бразилецот беше тој што го изведе ударот и ја затресе мрежата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни