Поврзете се со нас

Италија

Роналдо пристигна во Континаса пред клучните преговори за својата иднина (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо вчера слета во Торино, а ова утро се појави во Континаса тренинг центарот на Јувентус, каде беше пречекан од голем број фанови и покрај тоа што неговата иднина во клубот е неизвесна.

Планот е Португалецот да се приклучи на тренинзите откако ќе ги мине денешните медицински прегледи, но според најавите на италијанските медиуми, негова примарна цел ќе биде да седне на маса со Масимилијано Алегри и директорите на клубот.

Роналдо има уште една година од договорот со Јувентус и треба да ги почне четвртите подготовки за новата сезона со „старата дама“, а во наредните неколку дена, треба да дознаеме дали ќе ја стартува и четвртата сезона, или пак ќе побара трансфер до крајот на преодниот рок.

Како што е познато, Португалецот се приклучува на тимот со мало задоцнување поради обврските кои ги имаше на Европското првенство, турнир на кој беше прогласен за најдобар стрелец со пет постигнати гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни