Поврзете се со нас

Европски првенства

Роналдо пред настапот на шесто ЕП: Репрезентацијата е „љубовта на мојот живот“

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо ќе биде лидер на португалската репрезентација и на Европското првенство во Германија, што за него ќе биде рекордно шесто на кое се појавил како член на националниот тим на својата татковина.

39-годишниот ветеран ја заврши сезоната во Саудиска Арабија во одлична форма и е подготвен за нови предизвици, а во изјава дадена пред почетокот на турнирот го истакнал значењето на настапот.

– Не знам уште колку фудбалски години ми преостануваат, за мене е подарок секоја дополнителна година откако наполнив 35.

– Можам да кажам дека се уште уживам на теренот, постигнувањето гол за националниот тим е нешто специјално, репрезентацијата е љубов на мојот живот и победата на ова ЕП би било како сон.

– Без разлика дали се работи за моето прво ЕП во 2004 година или ова во Германија, чувството секогаш е поврзано со гордост и страст. Најважно е што сум 100-проценти подготвен да им помогнам на колегите и ќе ги почитувам одлуките на селекторот, – истакнал Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни