Роналдо повторно се враќа во Мадрид и порача: Се надевам дека овој пат нема да има…

ronaldo-kanselo

По вчерашната ждрепка за групната фаза во Лигата на шампионите, еден од фаворитите Јувентус се најде во иста група со Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен и Локомотив Москва.

Токму Јувентус и Атлетико Мадрид одиграа доста интересен двомеч минатата сезона, по кој подобар на крајот испадна клубот од Торино кој се пласираше во следната фаза.

Роналдо доби доста провокации од трибините на „Ванда Метрополитано“, а и тој не остана имун па им возврати на навивачите. Сега, Португалецот се обиде да ја смири топката и побара да нема провокации на нивната следна средба.

– Се надевам дека навивачите на Атлетико нема повторно да провоцираат, прозивајќи ме мене и зборувајќи работи кои немаат врска со спортот. Освен тоа, се надевам на вистинска борба на теренот. Тоа е само уште еден натпревар, Атлетико е одличен тим како што сите знаеме. Бев во Реал долго време и доста добро ги познавам, -истакна Роналдо.

Facebook Коментари