Роналдо повторно беше повлечен од игра, но претходно даде три гола за голема победа на Португалија (Видео)

kiki-tuka

Португалија се уште не обезбеди пласман на Европското првенство, но со вечерашната победа на домашен терен, направи огромен исчекор кон такво нешто, бидејќи во последното коло и минимална победа против аутсајдерот Луксембург ќе значи место на завршниот турнир.

Кристијано Роналдо пристапи на денешниот меч со Литванија со доста шпекулации за неговата повреда на коленото, но на ваквите гласини одговори со хет-трик со кој беше играч на мечот во победата која Португалија ја оствари со високи 6:0.

Покрај првата ѕвезда, во листата на стрелците се запишаа и Пици, Пасиенсија и Бернардо Силва, а интересно беше и тоа што Роналдо беше повлечен од игра и на трет меч во низа, но овојпат во далеку поинаква ситуација кога мечот веќе беше комплетно решен.

Од останатите натпревари, Англија со високи 7:0 ја декласираше Црна Гора, а важна победа оствари и Чешка која го победи Косово со 2:1 за пласман на Европското првенство заедно со селекцијата на Герет Саутгејт.

Facebook Коментари