Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постигна гол за финале, но изведе и катастрофален слободен удар (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Критијано Роналдо ќе се бори за уште еден трофеј во својата богата играчка кариера, откако португалскиот великан вечерва му помогна на својот Ал Наср да се пласира во финалето на саудискиот Суперкуп.

За разлика од Европа каде се игра само еден финале меч, во Саудиска Арабија возбудувањата стартуваат со полуфинални средби, а вечерва Ал Наср го победи Ал Тавон со 2:0.

Токму Роналдо беше тој кој ги реши прашањата околу победникот со голот за 2:0, но пред да дојде до такво нешто, Португалецот се обидуваше на различни начини да ја затресе противничката мрежа.

На социјалните мрежи посебно вирален стана и еден негов катастрофален обид за да постигне гол од слободен удар, но и покрај лошиот епилог, Португалецот не се деморализираше и во продолжение постигна погодок.

Покрај Ал Наср, пласман во големото финале обезбеди и Ал Хилал, па така во завршното сценарио ќе гледаме пресметка на двата најдобри тима во Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни