Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постигна гол, но продаде и елегантен „тунел“ како во најдобрите денови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во азиската Лига на шампиони и го најави пресвртот на Ал Наср, но Португалецот се погрижи за вистинско шоу на пресметката против Истиклол во секоја смисла на зборот.

Искусниот голгетер го прослави израмнувачкиот погодок како што славеше на „Камп Ноу“ на незаборавниот натпревар против Барселона, ги анимираше и забавуваше навивачите со енергични реакции, но понуди и еден дриблинг кој стана вирален.

Роналдо на 38-годишна возраст се поретко се одлучува за дриблинзите кои беа карактеристични за него на стартот на кариерата, но овојпат режираше импресивен „тунел“ и елегантно се ослободи од двајца чувари.

Ова беше само еден од извонредните потези кои ги презентираше Роналдо во победата од 3:1, по која имаше и порака за навивачите на Ал Наср.

– Добар меч од сите во тимот! Среќен сум што го постигнав мојот прв гол во азиската Лига на шампиони. Продолжуваме да победуваме!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни