Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постигна гол, Ал Наср заборави да победува (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/AlNassrFC

Кристијано Роналдо постигна гол, но Ал Наср не успеа да дојде до резултатот што го посакуваше на средбата со Ал Шабаб во првата лига на Саудиска Арабија.

Португалецот стрелаше длабоко во судиското продолжение на првиот дел за целосен пресврт и водство на Ал Наср од 2-1, но домаќините во второто полувреме заработија црвен картон и тоа противникот го искористи за конечни 2-2.

Избраниците на Пиоли имаат само една победа на последните шест средби во првенството и ЛШ што покажува дека екипата е во криза.

Ова пак за Кристијано беше 18 првенствен гол или вкупно 926 во кариерата, односно засега има дадено по 463 погодоци пред 30 и по 30 роденден.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни