Европски првенства
Роналдо постави рекорд, но доби и многу критики за реакцијата по победничкиот гол на Португалија (Видео)

Кристијано Роналдо не можеше да го совлада чешкиот голман Штанек во текот на мечот, но дочека на големо да се радува во судиското продолжение, пред се поради „џокерот“ кој никој не го очекуваше.
Младиот Франсиско Консеисао влезе во 90-та минута и 120 секунди подоцна го постигна голот за победа против Чесите, но за време на еуфоричните моменти, камерите уловија и еден непристоен потег на португалскиот капитен.
Роналдо беше фрустриран во добар дел од мечот од чешкиот дефанзивен бедем и фактот што Португалците се мачеа да го пробијат истиот, а кога дефинитивно се случи тоа со погодокот за 2:1, капитенот славел во лице на чешкиот голман.
Штанек морал да гледа како Роналдо се радува пред него по погодокот на синот на Серхио Консеисао, па видеото брзо стана и вирален хит на социјалните мрежи.
Роналдо на вчерашниот меч постави историја и стана првиот играч кој настапил на шест Европски првенства, но поради потегот во завршницата, покрај пофалбитее, добива и доста критики од фудбалските фанови.
Видеото погледнете го ТУКА
Cristiano Ronaldo celebrating Portugal's 92nd minute match winner in front of Czechia GK Jindřich Staněk 🥶 pic.twitter.com/Tv3rzizVya
— ESPN FC (@ESPNFC) June 18, 2024
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити