Поврзете се со нас

Свет

Роналдо постави нов рекорд и се јави со порака која ја одбележа неговата кариера (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо вчера стана единствениот играч во историјата кој историски бил најдобар голгетер во четири различни национални првенства, откако Португалецот постигна два гола во дербито со Ал Итихад.

Двата погодоци на португалскиот фудбалски мајстор значеа дека Роналдо стигна до бројката од 35 гола, а тоа е апсолутен рекорд во Саудиска Арабија.

Кристијано стана играчот кој постигнал најмногу голови во една натперварувачка сезона и запиша уште еден рекорд во Саудиска Арабија, што го натера самиот Португалец да се јави со порака која ја одбележа неговата кариера.

Роналдо поставува нови граници во фудбалот и на 39-годишна возраст, а ако се суди според бројките кои ги оставрува во Ал Наср, тој пристигнува во најдобра можна форма за Европското првенство на кое ќе биде лидер на Португалија.

– Јас не ги следам рекордите, рекордите ме следат мене, – порача Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни