Поврзете се со нас

Светски првенства

Роналдо постави неверојатен рекорд со новиот хет-трик, но сите зборуваат за неговата луда акробација (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо беше инспиратор на уверливата и сигурна победа на Португалија над Луксембург во квалификациите за Светското првенство, нешто што можеше и да се очекува со оглед на огромната разлика во квалитет меѓу двете селекции.

Португалија победи со 5:0 на средбата на која Роналдо постигна хет-трик и на која постави неверојатен рекорд, но на која доживеа и мало разочарување бидејќи голманот на гостинскиот тим спречи да видиме и едно акробатско ремек-дело на Кристијано, слично на она што го реализираше против Јувентус пред неколку години.

Капитенот на Португалија изведе бравурозна акробација во шеснаесетникот и креираше перфектни „ножички“, но за негова несреќа, голманот Морис реагираше брилијантно и спречи спектакуларен гол кој ќе беше сигурен кандидат и за „Пушкаш наградата“ за погодок на годината. Самата реакција на Кристијано најдобро говори како се чувствуваше во тој момент, но сепак натпреварот против Луксембург ќе го памети по вонсерискиот рекорд.

Роналдо стана првиот играч во историјата кој постигнал 10 репрезентативни хет-трика, а изминатата вечер, стигна до бројката од 115 гола во дресот на Португалија.

Инаку, за него ова беше 58 хет-трик во блескавата играчка кариера, од кои 10 се во дресот на Португалија, 1 во оној на Манчестер Јунајтед, 3 во Јувентус и дури 44 во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни