Роналдо посочи како сака да изгледа нападот на Јувентус

ronaldo-dibala-gonzalo

Екипата на Јувентус со победа над Баер Леверкузен од 2-0 ја заокружи групната победа во Лигата на шампионите, победа во која стрелци беа Кристијано Роналдо во 75 и Гонало Игуаин во 92 минута.

Токму португалскиот ас по овој дуел директно посочи како сака да изгледа нападот на „бјанконерите“, односно со кои играчи да ја сочинува офанзивната линија. Тој смета дека Јуве најдобро ќе функционира ако тој до себе ги има Пауло Дибала и Гонзало Игуаин.

-Кога играм со Дибала и Игуаин, ние добро се разбираме, сакам да играм со двајцата. Многу се забавуваме на теренот, ама тренерот носи одлуки и мораме да ги почитуваме, -истакна Роналдо.

Тренерот Мауруцио Сари во неколку прилики во оваа сезона истакна дека многу е тешко да се видат како стартери Игуаин, Роналдо и Дибала и тоа поради нивните карактеристики.

Facebook Коментари