Поврзете се со нас

Светски првенства

Роналдо полуде во Белград: Топката ја мина гол линијата во 93. минута, судиите го оставија без победа (Видео)

Објавено

на

Србија и Португалија одиграа крајно интересен натпревар во Белград, но на крајот истиот ќе биде запаметен по една голема неправда која им беше нанесена на гостите.

При резултат 2:2 и во последната акција од средбата, Кристијано Роналдо постигна гол за 2:3, а иако топката очигледно ја мина гол линијата, интервенцијата на Митровиќ ги збуни судиите, а особено помошникот на Макели кој не покажа на центар. Кристијано не можеше да поверува што гледа и веднаш му се нафрли на помошникот, а откако доби жолт картон од главниот арбитар, предвреме почна да се упатува кон соблекувалната на недоигран меч.

Капитенот на Португалеците не можеше да поверува каква штета и беше нанесена на неговата селекција, а колку и да има противречности за видео технологијата, ова е уште еден доказ дека ВАР е неопходен во фудбалот, особено поради вакви грешки.

Пред големата драма во 93-та минута, Миленковиќ доби црвен картон, а кога се во прашање головите, Жота ги доведе Португалците во водство од 0:2, а за израмнување се погрижија Митровиќ и Костиќ.

На крајот, конечните 2:2 им носат огромно задоволство на Србите, кои предводени од новиот селектор Пикси стигнаа до четвртиот бод во групата, а исто толку има и Португалија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни