Свет
Роналдо погоди во победата на Ал Наср, ја продолжи серијата започната во 2002 година
Кристијано Роналдо постигна еден од трите гола на Ал Наср во денешната победа над Ал Охдуд, со што Португалецот ја продолжи долгата серија започната во 2002 година.
39-годишниот Португалец реализираше од пенал за комплетирање на пресвртот во првото полувреме, а Садио Мане ги постигна првиот и третиот гол во победата од 3:1 во првенството на Саудиска Арабија.
За Роналдо ова е веќе 24 календарска година по ред во која се запишува во листата на стрелци, серија која започна со головите во дресот на Спортинг против Мореиренсе, а потоа продолжи во екипите на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и португалската репрезентација.
Во професионалната кариера Роналдо постигна над 900 голови, а во 2025 година дополнително ќе има многу можности да се приближи до магичната граница од илјада погодоци.
– Најдобар начин да се почне годината, – напиша Роналдо на социјалните мрежи, одбележувајќи ја првата победа во 2025 година за Ал Наср.
-
Светски првенства9 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија21 час
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства23 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија21 час
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Свет18 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Шпанија20 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси