Роналдо погоди два пати, Јувентус ја победи Парма (Видео)

romaldo-parma

Два гола на Кристијано Роналдо беа доволни за Јувентус да стигне до нова победа во Серија А, овојпат пред своите навивачи против Парма со 2:1.

„Бјанконерите“ не успеаја да направат многу сериозни обиди да стигнат до првиот гол кој сам го изработи Роналдо во 43. минута и со помош на Дармијан го совлада Сепе.

Парма првпат се закани од корнер и тоа веднаш со погодок на Корнелиус кој уште во првиот дел го замени повредениот Инглезе.

Но, Јувентус одговори брзо, три минути подоцна или во 58. минута Дибала одлично го проигра Роналдо, а Португалецот лесно реализираше за 2:1, што се покажа и како конечен резултат на оваа средба.

Јувентус сега има 51 бод пред Интер кој има 47, но тимот од Торино во следното коло има незгодно гостување кај Наполи. Парма останува на 28 бодови, колку што има и Милан и останува со шанси да се бори за место во Лига Европа.

Facebook Коментари