Поврзете се со нас

Италија

Роналдо погоди два пати, Јувентус го победи Калјари (Видео)

Објавено

на

Два гола на Кристијано Роналдо му беа доволни на Јувентус да го победи Калјари на домашен терен (2:0) и привремено да ја подобри својата позиција на табелата во Серија А.

Гостите од Сардинија само на почетокот покажаа поголема желба да се обидат да го совладаат Буфон, но откако Јувентус ја презема доминацијата, набрзина постигна два гола и до крајот рутински ги освои бодовите.

Роналдо го отвори резултатот во 38. минута, а четири минути подоцна зголеми на 2:0, што беше и конечен резултат.

Јувентус не реализираше неколку шанси да слави поубедливо, двете екипи имаа по еден поништен гол поради офсајд, а Калјари го заврши мечот без удар во рамките на голот на противникот.

Победникот вечерва стигна до 16 бодови на табелата, еден помалку од лидерот Милан, кој утре му гостува на Наполи. Калјари досега освои 10 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни