Роналдо по првите голови за Јувентус: Бев напнат, но знаев…

ronaldo

Екипата на Јувентус запиша нова победа во италијанската Серија А и тоа над Сасуоло со 2-1 и тоа со погодоците на Кристијано Роналдо.

Ова за португалската супер ѕвезда беа први голови за Јуве кога се во прашање официјалните натпревари, па Роналдо сосема очекувано го истакна своето задоволство од добро завршената задача.

-Многу сум среќен, почнавме добро. Сасуоло се бранеше, ама ние вложивме сериозен напор и заслужено победивме. Навистина сакав да ги постигнам овие први голови и среќен сум што го пронајдов патот до мрежата, -рече Роналдо кој на оваа средба протпушти уште неколку добро шанси.

-Ова е фудбал. Важно е дека тимот победи. Очигледно, бев малку напнат со сите коментари по мојот трансфер од Реал Мадрид и поради тоа што не успевав да дадам голови, имаше многу очекувања, но им се заблагодарувам на моите соиграчи кои ми дадоа поддршка. Знаев дека добро работев и беше само прашање на време. Добро се адаптирам на италијанскиот фудбал, -порача Кристијано.

Facebook Коментари