Роналдо по купувањето на шпанскиот клуб даде ветување: Ќе ги откачам копачките од ѕидот…

ronaldo

Легендарниот бразилски напаѓач, Луис Назарио Де Лима Роналдо пред неколку недели и официјално стана мнозински сопственик на Реал Ваљадолид, клуб кој се натпреварува во најсилната шпанска лига. Бразилецот за сума од околу 30 милиони евра откупи 51 процент од акциите на клубот и со тоа стана прв човек на Ваљадолид. Во својата прва изјава Роналдо посочи дека ќе се обиде да го издигне клубот едно ниво погоре и наместо борба за опстанок планира да направи стабилен член на Ла Лига со многу поголеми амбиции во иднина.

Веќе на негова адреса почнаа да пристигнуваат прашања во врска со иднината на клубот, но и во врска со неговиот евентуален играчки ангажман додека намали на килограми.

– Едно е сигурно. Тоа е дека ќе ги откачам копачките од ѕидот и ќе почнам да тренирам со тимот и со играчите. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на мојот тим. За мене ќе биде важен секој совет од тренерот. Среќен сум на се она што ќе почне да се случува во иднина, – изјави Роналдо.

 

Facebook Коментари