Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Роналдо плачел како мало дете по болната елиминација од Порто (Видео)

Објавено

на

Foto: juventus.com/

Откако беше објавено видеото за неговото беснеење во соблекувалната на полувреме од мечот со Порто во Лигата на шампионите, сега се појавија ексклузивни снимки и од моментите кога Јувентус претрпе елиминација во продолженијата.

Италијанскиот тим беше елиминиран од Порто на доста болен начин, а филмот насловен „Се или ништо“ кој го пренесува „Амазон прајм“, сега ги доловува најемотивните ситуации од соблекувалната.

Фудбалската јавност веќе виде дека Колумбиецот Квадрадо бил единствениот кој му се спротивставил на Роналдо за време на неговото беснеење на полувреме, додека Португалецот бил неутешен по средбата која заврши во продолженијата.

Јуве победи со 3:2, но голот примен во 115-та минута беше преголем удар и значеше елиминација од најелитното натпреварување.

Роналдо ја заврши својата етапа во Јувентус без титула во Лигата на шампионите, а судејќи по видеото, може лесно да се заклучи колку многу му значи ова натперварување на Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни