Роналдо откри интересен момент од детството: Мојот сон беше да станам фудбалер, а моите другари…(Видео)

Cristiano Ronaldo

Кристиjано Роналдо на социјалните мрежи објави интересно видео во кое раскажува за него и за неговите први подвизи во фудбалот, но и за неговата желба да стане најдобар. Во видеото може да се забележи и неговиот нов стил.

– Имав сон како мал кога ќе пораснам да бидам одличен фудбалер. Моите другари секогаш ми викаа дали сум сериозен, што зборувам. Фудбалот го играв од забава, ништо повеќе. Но, кога дојдов во Манчестер Јунајтед тогаш сфатив дека можам да играм најдобро и да бидам најдобар. Тогаш почнав да тренирам се понапорно и посветено. Тогаш ми стана јасно дека никој не е како мене. Никој нема да стане како Кристијано Роналдо. Вие можете да си бидете Вие, јас секогаш ќе бидам јас, – изјави Португалецот.

Инаку, ова видео беше снимено за реклама на компанијата ,,НАЈК” во кое видео беа претставени новите компачки ,,Суперфлај 360” од оваа компанија кои ги рекламира Роналдо.

Facebook Коментари