Свет
Роналдо остана без борба за титула, па доби први големи провокации во Саудиска Арабија (Видео)

Кристијано Роналдо имаше можност да се бори за титула на третиот меч како член на Ал Наср, но до тоа сепак нема да дојде откако неговиот тим загуби во полуфиналето на Суперкупот од екипата на Ал Итихад.
Португалецот го одигра својот втор официјален натпревар за новиот клуб и не успеа да се запише во листата на стрелците, но по поразот од 3:1, ги дочека и првите провокации во Саудиска Арабија.
Трендот од Европа се префрли и во Саудиска Арабија, бидејќи по крајот на натпреварот, противничките навивачи на Ал Итихад го скандирале името на неговиот голем фудбалски ривал.
– Меси, Меси, Меси, – извикувале од трибините противничките фанови, додека Роналдо се упатувал кон тунелот на стадионот во Ријад.
Наместо финале и борба за прв трофеј во новата средина, трет меч на Роналдо ќе биде оној против Ал Фатех на 3-ти февруари во домашното првенство.
Al-Ittihad fans cheering and hesitating Messi, Messi, Messi, in front of Cristiano Ronaldo, at the end of the match pic.twitter.com/XCdT4Ycl5S
— Al-Ghufayri🇸🇦 (@abdulahghufayri) January 26, 2023
-
Македонијапред 10 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 7 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 20 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 18 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 17 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 17 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 20 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……