Поврзете се со нас

Италија

Роналдо одигра бледо против Милан, но изрежира потег за најавни шпици (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо одигра блед натпревар во реванш средбата од полуфиналето од Купот на Италија против тимот на Милан.

Португалецот не успеа да реализира удар од белата точка во раната фаза од натпреварот, а потоа добро беше маркиран од страна на дефанзивците на Милан.

Сепак, Роналдо не пропушти прилика да ги покаже своите вештини и така од игра да исфрли еден од фудбалерите на Милан.

Имено, пред самиот крај на натпреварот Роналдо во нему својствен стил го исфрли Лаксалт, па со Рабона центрираше во шеснаесетникот на „росонерите“.

За негова жал никој не налета на неговиот центаршут, па останатите дефанзивци на Милан ја расчистија ситуацијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни