Поврзете се со нас

Англија

Роналдо одбил нестварна понуда и можност да стане најплатен играч во светот

Објавено

на

Португалски „Си-Ен-Ен“ рано утрово излезе со своја ексклузива за бомбастичната понуда која ја одбил Кристијано Роналдо во завршницата од летниот преоден рок, откако му пропаднаа сите шанси да направи посакуван трансфер во голем клуб во Европа.

Споменатиот извор информира дека Роналдо одбил да стане најплатен играч во светот, бидејќи одбил стратосферска сума на пари од Саудиска Арабија, или поточно од Ал Хилал.

Саудискиот клуб се обидел да го привлече Роналдо со историска понуда и двегодишен договор, според кој му било загарантирана заработка од 242 милиони евра, односно 121 милиони евра по сезона.

Иако понудата му носела и дополнителни придобивки од можни спонзорски договори, Кристијано на крајот  решил дека не е време да ја напушти Европа, па и покрај нестварните финансиски средства, ги одбил Саудијците и решил да остане во Манчестер Јунајтед каде нема загарантиран статус на стартер.

Оваа ексклузивна информација ја потврди и угледната „Марка“, кој пак додава дека идејата на Роналдо е да остане конкурентен на највисоко ниво во Европа уште некое време, пред да почне да размислува за понуди како онаа последната од Ал Хилал.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни