Поврзете се со нас

Македонија

Роналдо од Брегалница направи трансфер во Шкендија (Видео)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/fcshkendija

Зимскиот преоден рок натера голем број македонски клубови да се засилат за вториот дел од сезоната, но покрај тоа што има ангажмани од странство, видовме и неколку размени во Првата македонската фудбалска лига.

Последната таква зделка ја режираа Брегалница и Шкендија, откако тетовските „црвено-црни“ го ангажираа фудбалерот кој штипјани го претставија во летниот преоден рок.

Јамајканецот Роналдо Ромарио Вебстер привлече внимание во македонската јавност поради своето име уште кога потпиша за Брегалница, но сега уште повеќе ќе биде во фокусот бидејќи ќе игра за еден од најдобрите тимови во лигата.

Шкендија ќе се бори за титулата во пролетниот дел од сезоната, а Роналдо на промоцијата навести дека целта е да го подигне трофејот заедно со новите соиграчи.

– Навистина сум задоволен што пристигнав овде. Мотивиран сум и подготвен да дадам се од себе на теренот. Може да очекувате многу изненадувања од мене во вториот дел од сезоната. Најавувам многу голови и очекувам шампионската титула да се врати во Тетово, – вели Роналдо Вебстер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни