Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Роналдо нокаутираше жена-стјуард, па и го подари својот дрес (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо вчера успеа да постигне гол на дуелот меѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите, но неговиот тим доживеа разочарувачки пораз со пресврт во Швајцарија.

Португалецот секогаш е посебно мотивиран кога се работи за натпреварите од најелитното европско натпреварување, а вчера беше вклучен и во еден непријатен момент.

За време на загревањето, еден од ударите со топка на Роналдо нокаутирал жена која работела како стјуард покрај теренот, а откако Кристијано забележал што се случило, веднаш притрчал за да се увери дека е во добра состојба и да се извини.

За среќа, немало поголеми последици за вчера најпопуларниот стјуард на стадионот, а Роналдо подоцна и го подарил дресот, што секако ќе придонесе побрзо да го заборави привремениот нокаут.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни